Македонските претставници во регионалната ракометна СЕХА лига, Вардар и Металург се договорија домаќин во првото коло да бидат „црвено-црните“.

- Наместо во гости првото коло од СЕХА Газпром лигата ќе против Металург го играме на домашен терен во СЦ „Јане Сандански" на 29 август во 20:45 часот. Во договор со нашиот ривал ќе биде направена измена околу домаќинот за ова коло, соопшти РК Вардар.

Двата „лути“ ривала веќе одиграа еден натпревар во новата сезона. Во саботата во Струга во рамките од македонскиот Супер Куп, Вардар победи со 33:24.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2018 14:42