Екрем Хусеин доајенот на македонскиот балет по долго боледување почина денеска на 75 годишна возраст.

Ќе остане запаметен по бројни услоги во балетските претстави во неговата над 50-годишна кариера.

Во 2008 година ја доби наградата „Менада“ на „Танц Фест“ - Скопје за врвни достигнувања во танцот.

Погребот на Хусеин ќе се одржи денеска на турските гробишта во Бутел. Поради колективниот годишен одмор комеморација во неговата матична куќа - Македонската опера и балет, најавуваат за следната недела.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2018 15:22