Ксиаоми објави профит од 2,1 милијарда долари за својот прв квартал како јавна компанија. Во соопштението за инвеститорите, компанијата соопшти дека приходите во вториот квартал се зголемиле за 68 отсто и изнесувале 45,2 милијарди јуани или 6,6 милијарди долари. Нето добивката изнесува 14,6 милијарди јуани или 2,1 милијарди долари.
Сепак, кварталот заврши со нето загуба од 7,6 милијарди јуани или 1,1 милијарда долари. Ова се должи на високите трошоци на првичната јавна понуда.
Компанијата има испорачано 32 милиони паметни телефони во кварталот, што е за 44 отсто пораст на годишна база, а телефоните имаат генерирано 67 отсто од сите приходи.
Втората значајна точка е другите паметни производи, како телевизори и паметни нараквици, кои забележале раст за 100 отсто на годишна основа.
Интересно, компанијата успеа да оствари 64 отсто раст на интернет услугите, кои досега беа главно достапни во Кина, но постепено се доближуваат до други пазари.