Македонската кошаркарска репрезентација до 14 години оствари прва победа на турнирот „Словенија Бол“, кој се одржува во Словењ Градец, Словенија. Младите кошаркари славеа победа со 82-55 над своите врсници од Хрватска.

Нашите надежи во првото коло загубија од Словенија, но денеска одиграа многу подобро и доминираа против Хрватите.

Најдобар во нашиот состав беше Марко Трипуноски со 18 поени, а кај Хрватите најпрецизен беше Лука Крајновиќ со 22 коша.

Во текот на утрешниот ден М14 ги очекуваат уште два натпревари во групата.

Во 9:00 часот „жолто-црвените“ играат против селекцијата на Русија, а од 14:30 часот следи дуелот против селекцијата на Унгарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2018 01:04