Новото ажурирање е веќе активно во Македонија и може да се преземе од менито „Settings“ под „System Update“
Huawei Consumer Business Group објави дека Huawei Mate 10 ја содржи најновата верзија на софтверот кој го подобрува режимот на ноќно фотографирање, односно фотографирање при недоволна осветленост, и истиот е достапен за телефоните Huawei Mate 10, Huawei Mate 10 Pro и Porsche Design Huawei Mate 10. Уникатниот Night Shot систем, благодарение на кој ноќните фотографии на P20 и P20 Pro добија светска репутација и бројни награди, сега се применува и на Mate 10 Pro.
Серијата Huawei Mate 10 нуди висококвалитетно фотографиско искуство благодарение на камерата со две леќи (12MP + 20MP) со F / 1.6 SUMMILUX-H објективи. Серијата го има првото издание на Kirin 970 AI процесорот во светот, што помага да се фотографиираат остри и детални ноќни кадри.
Често ноќната фотографија бара долга изложеност, што резултира со поголема чувствителност на кадрите. За да се избегне замаглување, новиот ноќен режим на HUAWEI Mate 10 серијата користи иновативна AIS стабилизација на фотографијата. Благодарение на ова ажурирање на софтверот, корисниците можат лесно да фотографираат во слабо осветлени услови и без статив.
Новото ажурирање е веќе активно во Македонија и може да се преземе од менито „Settings“ под „System Update“. Секој кој не ја добил оваа најнова верзија на својот телефон или треба да побара совет за инсталирање и користење на новата функционалност или да го посети Центарот за грижа за корисници на Huawei.
Huawei, исто така, ќе ги ажурира перформансите на графичкиот процесор на Huawei Mate 10 серијата, која ќе овозможи 60% побрзи и поефективни игри.