Списанието „Форбс“ ја објави листата актери кои оствариле најголема заработка изминативе 12 месеца, а првото место го зазеде Џорџ Клуни. Тој од јуни 2017 до јуни годинава заработил 239 милиони американски долари.

Ова е највисока заработка што еден глумец кога било ја остварил за период од 12 месеци, наведува списанието. Заработката на Клуни се должи најмногу на продажбата на компанијата за текила Касамигос, каде тој беше соосновач, на светскиот гигант Дијагео. Глумецот од тоа заработи околу 233 милиони долари.

На второ место на листата се наоѓа глумецот Двејн Џонсон, кој годинава заработи речиси двојно повеќе од лани, остварувајќи профит од 119 милиони долари.

Ѕвездата од „Железниот човек", Роберт Дауни Џуниор е на трето место со заработка од 79 милиони долари, а зад него се: Крис Хемсворт (64,5 милиони долари), Џеки Чен (45,5 милиони), Вил Смит (42 милиона), Акшај Кумар (40,5 милиони), Адам Сендлер (39,5 милиони), Салман Кан (38,5 милиони) и Крис Еванс со заработка од 34 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2018 15:29