Општина Кисела Вода објавува јавен повик до сите заинтересирани граѓански здруженија, активисти и жители за заштита на правата на животните кои се со адреса на седиште и живеалиште на територијата на оваа локална самоуправа.

Се повикуваат сите заинтересирани да учествуваат соодветно на нивните желби и можности во програмата „Хумана контрола на кучињата бездомници“.

Заинтересираните, како што соопшти општина Кисела Вода, треба да достават список на волонтери (таканаречени старатели) кои ќе прифатат без надомест да ги извршуваат следниве обврски: пријавување единки за кастрација/стерилизација, обезбедување помош на стручните служби од ЈП „Комунална хигиена“ за похумано и полесно заловување на бездомните кучиња и други животни, следење на состојбата на кучето за време на престојот во стационарот „Вардариште“, помош при вдомување на единките и постојана комуникација со стационарот „Вардариште“ и пристап до кучињата за кои се одговорни.

Лица за контакт се Горан Петковски, одговорен за координација на активностите на градоначалникот (070/246-176, goran.petkovski@kiselavoda.gov.mk) и Ана Ѓуроска, координатор на иницијатива (078/226-148, ana.gjuroska@kiselavoda.gov.mk)



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2018 15:29