Во Велес денеска се одржа Информативна сесија за програмата на „ЕУ за тебе“ насловена „Креативна Европа“ односно за потпрограмата за култура и медиа.

Билјана Прентоска од Министерството за култура рече дека целта на овој настан е програмата да се приближи до потенцијалните корисници од аудиовизуелниот сектор, културните и креативните сектори односно тие да се подготват за следните повици за аплицирање и да достават проект апликации, со кои би можеле да бидат кофинансирани од Европската комисија при ЕУ.

Тука можат да конкурираат установи од областа на културата, невладини организации, општините, образовните институции и други.

Во областа на медиа, како што информира Владимир Стојчевски, можат да конкурираат продуценти и дистрибутери на филм.

- Има и одредени повици каде што може да се јават и поширок опсег на апликанти, како организирање на филмски фестивали и филмска едукација, тренинзи по темата, а генерално програмата е наменета за аудиовизуелниот сектор на филмските професионалци, појасни Стојчевски.

Заинтересираните можат да ги најдат на страната ced.mk.

Досега програмата била претставена во Куманово, Струмица, Тетово, Охрид и Велес. Претставувањето ќе продолжи во октомври со гостување на излагачите на програмата во Штип и Прилеп.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2018 17:08