На граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ соопштува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2018 19:02