Рускиот концерн „Калашников“ претстави цивилен електричен автомобил во ретро стил, кој се очекува да биде конкуренција на американскиот производител на електрични возила „Тесла“.

Прототипот на електричниот автомобил ЦВ-1 беше претставен на свеченост во близина на Москва.

Од руската компанија соопштија дека инспирацијата за неговиот изглед била земена од советските модели на автомобили од 70-те години на минатиот век, но дека возилото во себе содржи најнапредна технологија.

- Возилото поседува бројни сложени системи, кои ќе ни овозможат да бидеме конкурентни на глобалните производители на електрични автомобили како што е „Тесла“, истакнаа од „Калашников“.

Од руската компанија очекуваат автомобилот, кога во целосот ќе биде развиен, да има неколкупати поголема брзина од конкурентите, а со едно полнење да поминува и по 350 километри.

Бидејќи возилото се уште е во фаза на прототип од „Калашников“ не наведоа со колкава цена тој би се продавал.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2018 19:26