Македонскиот првак Вардар ремизираше во директниот дуел со својот поранешен тренер Раул Гонзалез, кој сега го предводи ПСЖ, на пријателскиот турнир „Еуро Турнои“ во Стразбур.

Репризата од финалето во ЛШ од пред две сезони овојпат заврши со нерешени 33-33, а „црвено-црните“ се тие кои имаат за што да жалат бидејќи во неколку наврати имаа и седум гола предност.

Наредниот натпревар Вардар го игра против Мешков Брест.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2018 01:55