На граничните премини Табановце и Богородица денеска има зголемена фреквенција на возила. На Табановце за излез од земјата се чека од 30 до 45 минути додека на Богородица е од 15 до 30 минути, соопшти АМСМ. На другите гранични премини нема подолги задржувања од македонска страна.
Интензитетот на сообраќај на автопатиштата е зголемен, а сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.