Десет ликовни уметници, по пет од државава и од странство, учествуваат на 13. Меѓународна ликовна колонија „Скопје“ што се одржува во хотел Арка во Старата скопска чаршија до 30 месецов.

- Секој од учесниците е оригинален и посебен според сликарската техника и стилската определба, истакнуваат организаторите на колонијата Музеј на Град Скопје, Град Скопје и Хотел Арка.

На колонијата учествуваат Ахмет Ерман Караѓоз од Северен Кипар, Брита Грасман од Шведска, Сара Дангис од Франција, Денис Јуриј Крашковиќ од Хрватска, Елизабета Маторкиќ од Србија, а од Македонија Крунислав Стојановски, Јана Јакимовска, Елизабета Аврамовска, Зарије Амдиу и Љупчо Бојаров.

Создадените дела ќе бидат презентирани на затворањето на колонијата на 28. месецов во 20 часот во хотел Арка. Ќе бидат изложени на манифестацијата на град Скопје за одбележување на Денот на ослободување на Скопје, 13-ти ноември.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2018 12:22