Петтата школа за црковно пеење „Андон Шахпаски“ од денеска до 28 август ќе се одвива во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Смојмирово, Беровско.

На свеченото отворање вечер концерт ќе одржи камерниот хор „Херувими“, а ќе биде промовирана и книгата „Антологија на македонското црковно пеење“ од Јане Коџабашија. Делото ќе го промовира Мирјана Павловска Шулајковска.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2018 13:40