Градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски, организираше прием на делегациите на учесниците на 14.Меѓународен фолклорен фестивал Св.Јоаким Осоговски.
Десет делегации со репрезенти облечени во традционални носии од регионите и општините од кои потекнуваат беа дел од размената на искуства и впечатоци од првата фестивалска вечер, која се одржа синоќа.
- Фолклорот и кулутрата, покрај спортот, се амбасадори на една држава, чест и задоволство е да се види се она што сите учесници како разноликост на фолклор во државите кои ги претставуваат го поседуваат. Чест е да се има ваква можност да се прикаже одликата на посебностите на кулутрите, битот на државите и нивните традиции. На иницијатива на соработките на овој фестивал досега се создадени трајни пријателства, кои прераснале во соработка на повеќе полиња, а се иницирани и збратимувања на општините од кои доаѓаат. Во таа насока, ве поканувам да ги поттикнеме градовите кои ги претставувате да бидат наши збратимени градови, им порача на претставниците на фолклорните ансамбли Мицевски.
Токму од претставниците од Испарта, Турција, веќе беше покрената иницијатива за почнување на збратимувањето со Крива Паланка.
- Нашиот град е град на розите, познат е и по јаболката, но и по добрите луѓе кои веќе ипсратија писмен документ за почеток на постапката за збратимување. Благодариме за поканата да бидеме дел од вашиот прекрасен фестивал, срдечно сме пречекани и се чувствуваме топло, како дома, рече Јусуф Зија Ѓунајдин, градоначалничка на Испарта.
Претставниците на делегациите до Србија, Северен Кипар, Македонија, Бугарија ги пренесоа своите позитивни искуства од, како што велат, еден од најголемите фолклорни фестивали во регионот и пошироко, кој собира на едно место стотици играорци и репрезенти на кулурата, преку дружба и пријателства.