Караванот на граѓанската платформа „Мрдни со прст“ денеска е во паркот на „Макфест“ во Штип. Преку забава и игра фитнес инструктор на младите штипјани им ги покажува вежбите, но и кои се бенефетите од секојдневните физички активности.

Спортот е само уште еден начин, како граѓаните треба да се грижат за своето здравје, за околината и да бидат активни во местата, во кои живеат.

Водителот на манифестацијата Мартин Трпчевски вели дека караванот утре продолжува во Дојран, а ќе ги посети и останатите градови од регионот. За најдобрите ќе има и награди.

Денешниот тренинг беше под водство на Маја Талевска, фитнес инструктор, која заедно со присутните вежбаа пилатес вежби наменети за сите возрасни групи.

Караванот „Мрди со прст“ ќе посети осум градови низ целата држава, а ќе заврши на 15 септември во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2018 15:20