Актерот Ванчо Петрушевски почина денеска на 67-годишна возраст.

Од Министерството за внатрешни работи изјавија за МИА дека добиле повик од итна помош за починато лице од струен удар во скопското село Орешани, и оти екипи од МВР се на увид.

Неговите колеги веке се простуваат од него на социјалните мрежи.

- Тукушто разбрав дека доајенот на Драмски театар и македонското глумиште, Ванчо Петрушевски, трагично го загуби животот. Почивај во мир Рамче. За комеморацијата и погребот дополнително ќе известиме, објави на својот Фејсбук профил директорот на Драмски театар Сашо Тасевски.

Доајенот на Драмски театар Ванчо Петрушевски е роден во Скопје. По завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје.

Учествувал во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми, серии... Познат е по своите улоги во серијалот Македонски народни приказни. Во 2016 година ја доби државната награда „11 Октомври“ за остварување во областа на уметноста и културата.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2018 16:19