Карванот на баскетџии од Македонија денеска и утре ќе престојува во центарот на Гевгелија каде на импровизирано игралиште ќе се натпреваруваат, надигруваат и докажуваат 16 екипи од Македонија.

Турнирот 3Х3 е број еден урбан тимски спорт во светот, прифатен од ФИБА и ќе биде дел од Олимписките игри во Токио во 2020 година.

Од здружението за промоција и популаризација на кошарката велат дека 3Х3 кошарката кај нас се носи со цел да се анимираат сениорите,да се вклучат младите во урбаната култура и да се подигне квалитетот на спортскиот живот за подршка на хуманитарни активности и промовирање на еднаквост.

Турнирот го подржаа општина Гевгелија и кошаркарскиот прволигаш Кожуф од Гевгелија.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2018 16:25