Со учество на околу 200 планинари како од Македонија така и од соседна Република Бугарија започна планинарскиот марш до врвот Чавка на планината Голак.
Организатор на маршот е Планинарски спортски клуб „Голак“ од Делчево чиј претседател Љупчо Чучуковски по заврувањето на маршот најави доделување на благодарници за сите планинарски клубови кои се дел од планинарската маршрута до врвот Чавка.
- Маршот започна според предвиденото и се надевам дека некаде околу 12 часот ќе бидеме на спортските терени на Голак. Од таму ќе се упатиме кон врвот Чавка, каде ќе се вратиме на спротските терени и ќе имаме една заедничка дружба со доделување благодарници за сите планинарски клубови кои учествуваат на маршот, рече Чучуковски
За членот на претседателството на Федерацијата на планминарски спортови, Љубомир Котевски, турата е атрактивна и е одлична можност за привлекување на планинари почетници.
-Теренот е баш погоден и за аматери и за посериозни планинари и во секој случај многу поволен за привлекување за почетници планинари, бидејки турата спаѓа во категорија на полесни тури, истата е атрактивна и интересна и за помладата популација, што дава одлична можност за популаризација на планинарството во овој дел од Македонија. Освен тоа гледајки го присуството на гости од соседството маршот е одличен и за ширење пријателства, рече Котевски.
На маршот учествуваа и иселници од Женева, Швајцарија.
- Чест ми е што ме покани претседателот на ПСК „Голак“ да присуствувам на овој марш. Ова ме потсетува на една наша идеја што сакаме да ја реализираме во Женева. Инаку, на маршот учествувам со моите деца на кои исто така им е посебно задоволство да бидат вклучени во оваа активност, рече Драган Стоиловски, иселеник во Швајцарија по потекло од Делчево.
Четвртиот по ред Меѓународен планинарски марш Голак 2018 е поддржан од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.