Младиот македонски кошаркар Теодор Симиќ својата кариера ќе ја продолжи во младинскиот погон на шпанскиот гигант Барселона.

Трансферот го објавија шпанските медиуми, како и специјализираниот сајт за кошарка „Спортандо“.

Симиќ кој е роден 2004 година е најавен како еден од најголемиот македонски таленти кој има потенцијал за НБА лигата.

Тој беше најдобар играч на македонската репрезентација до 14 година која викендот настапи на турнирот „Словенија Бол“ и го освои 6. место.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2018 10:59