Бранот врнежи што ја зафати Македонија е добредојден за земјоделските култури. Според агрометеоролозите, недостигаше влага во површинскиот слој на почвата особено поради топлото време изминатиов период.

Појава на болести и штетници не се очкува зашто скоро сите култури се во фаза на поодминат развој, во фаза на зреење.

- Имавме две-три недели вистинско лето, со високи температури. Затоа, дождот е добредојден особено за овошките кои во втората половина од август ги формираат цветните папки за наредната година. Токму сега треба да имаат достап на вода, вели за МИА Ангелко Ангелески од УХМР.

Тој им порачува на земјоделците да ги наводнуваат овошките ако не падне доволно дожд со оглед дека, според прогнозите, времето од среда повтовро ќе се стабилизира и ќе биде топло.

- Во лозарствто бараните сорти веќе се берат, производството стаса порано 10 - 12 дена. Дождот нема да влијае врз содржината на шеќерите кои кај овошките и грозјето беа ниски, но претходниов период се концентрираа, објаснува Ангелески.

Житото, дополнува, е собрано, а оризот е во фаза на зреење, зрното е налеано, па и тука влагата нема да има големо влијание.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2018 11:16