Добитникот на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2018 година, полскиот поет Адам Загајевски, ќе биде прогласен за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија.
ДПМ соопшти дека во духот на долгогодишната традиција, лауреатот на СВП се прогласува за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија.
Прогласувањето на Загајевски за почесен член ќе биде утре во 11 часот во просториите на ДПМ.