Околу 40 книжевни преведувачи од Македонија и од странство ќе учествуваат на традиционалната Меѓународна средба на книжевните преведувачи 2018, што денеска и утре ќе се одржува во Лешочкиот манастир.

На годинашниот симпозиум на тема „Ритамот на книжевниот превод“ ќе настапат Мехмет Кансу од Турска Република Северен Кипар кој ќе има воведно излагање, Олга Панкина од Русија, Васил Тоциновски, Здравко Божиновски, Јасминка Делова - Силјанова и Ташко Ширилов, сите од Македонија.

На гробот на преведувачот на народен македонски јазик Кирил Пејчиновиќ ќе биде одржана панихида за отец Кирил Пејчиновиќ.

Во попладневните часови во манстирската црква „Пресвета Богородица“ ќе биде одржан традиционалниот митинг на читање преводна литература.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2018 17:19