Во пресрет на утрешниот христијански празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во манастирот во Матка кај Скопје вечер ќе се одржи Вечерна Богослужба, духовна академија и сеноќно бдение.

Духовната академија се одржува по повод празнувањето во манастирот Успение на Пресвета Богородица Матка, а предвидено е црковно пеење и читање на псалми.

Утре, на денот на празникот, во манастирот ќе се одржи Света Божествена Литургија со која ќе чиночалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.

Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма.

Во манастирскиот двор ќе се одржува и традиционалната крводарителска акција.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2018 17:22