Возачот на Рено, Нико Хулкенберг, заради инцидентот што го предизвика на трката во Белгија ќе биде суспендиран со тоа што на квалификациите за Големата награда на Италија следниот викенд ќе биде поместен десет места поназад од резултатот што ќе го оствари.

Хулкенберг во првиот круг на патеката „Спа“ предоцна закочи и удри во возачот на Мекларен, Фернандо Алонсо, чиј болид буквално летна во воздухот, а при тоа со себе го собра и возачот на Заубер, Шарл Леклер.

Истрагата утврди дека Хулкенберг го предизвикал инцидентот и освен со казната на трката во Монца, тој ќе биде санкциониран и со три казнени поени.

Возачот на Рено по инцидентот призна дека направил голема грешка и дека во целост имал погрешна проценка.

Иако Алонсо инсистираше дека станува збор за тежок инцидент, кој бара построга казна, тоа беше одбиено од страна на организаторите.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2018 17:58