Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, изјави дека тој требало да стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Лас Вегас во Формула 1.
Седумкратниот светски шампион ги постави најдобрите времиња на двата слободни тренинзи во петокот, како и во вториот дел од квалификациите. Сепак, во решавачкиот трет дел, Британецот погреши и заврши едвај десетти. Неговиот сонародник и тимски колега, Џорџ Расел ќе стартува од пол-позицијата.
-Требаше да бидам на пол, но не бев. „Се ла ви“. Ќе се бориме и утре, бидејќи денес не ја завршив работата. Не успеав да направам брзи кругови. Но, не очајувам затоа што се чувствував одлично и имам брзина во болидот, изјави 39-годишниот Хамилтон по квалификациите.
Џорџ Расел беше многу порасположен од Хамилтон. Тој рече дека успеал да отспие малку пред да започнат квалификациите и тоа е клучот за неговиот силен настап.
-Обично медитирам пред да влезам во автомобилот. Ги затворам очите и слушам бранови како удираат по карпи или правам вежби за дишење. Тоа ми го смирува умот. Но, овој пат спиев 45 минути. Се чувствував исклучително свежо. Се обидувам постојано да го слушам моето тело, рече Расел