Панда што слика е новата атракција на виенската зоолошка градина. Женката по име Јанг Јанг, која пред две години на свет донесе мечиња близнаци, во меѓувреме научи и да црта.

Сто уметнички дела се веќе ставени на интернет продажба, по цена од 490 евра за слика. Апстрактните цртежи потсетуваат на први обиди на мало дете, коментираат нејзините фанови.

Се планира и посебна книга со фотографии од пандите во австриските зоолошки, за што ќе бидат наменети парите од продажбата на овие уметнички дела.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2018 18:21