Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром од следната сезона ќе настапува со ново модернизирано лого, кое ги задржува главните елементи на досегашното.

Како што информираа од клубот тоа е изработено во соработка со навивачите, а го задржува духот и симболиката на МЗТ.

Од МЗТ наведуваат дека со ребрендирањето на логото сакаат да означат еден нов почеток со нов начин на размислување.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2018 20:37