Познатиот актер Том Харди и неговата бремена сопруга Шарлот Рајли, планираат да се отселат од Лондон, а причина за тоа е, како што наведуваат британските медиуми, вознемирувањето од фанатична обожавателка на Харди. Куќата во која сега живеат е на продажба за 3,5 милиони фунти.

Намерата на Харди (40) е да се населат во руралните средини вон британскиот главен град, каде што ќе го дооформи своето семејство. Глумецот и четири години помладата Шарлот веќе имаат двогодишно дете, а ова ќе им биде второ.

Инаку двојката е позната по тоа што успешно ја крие својата приватност од очите на јавност



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2018 00:43