Британскиот режисер Дени Бојл пред неколку дена се откажа од работата на новиот филм од серијалот „Џемс Бонд“, а како причина само беа наведени „креативни несогласувања“ со продуцентите.

Според британските медиуми, Бојл одбил да го режира 25-от филм за агентот 007 бидејќи не сакал да го „убие“.

Иако претходно се споменуваа разлики меѓу Бојл и продуцентите околу изборот на актер за негативецот или за девојката, сепак според британските медиуми непремостива креативна разлика била „убиството“ на најпознатиот агент.

Наводно продуцентката Барбара Броколи и актерот Даниел Крег планирале во филмот „Бонд 25“ да го завршат повеќедеценискиот серијал, но режисерот Бојл одбил тоа да го направи.

Снимањето на новиот филм за британскиот таен агент требаше да започне во декември, но сега продуцентите треба да најдат нов режисер и затоа не е познато дали ќе има одложување на почетокот на снимањето.

Премиерата првично е закажана за ноември 2019 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2018 00:43