Легендарниот кошаркар на Сан Антонио спарс, Ману Џинобили, соопшти дека се повлекува од професионалната кариера.

- Со многу емоции објавувам дека ставам крај на професионалната кариера. Голема благодарност до сите кои беа дел од мојот живот во изминатите 23 сезони. Ова беше неверојатно патување, кое не можев да го замислам ниту во најлудите соништа, објави Џинобили на социјалните мрежи.

Аргентинецот во Сан Антонио пристигна во 2002 година и досега има освоено четири шампионски титули (2003, 2005, 2007, 2014) и два пати играше на „Ол стар“ натпреварот.

Со репрезентацијата на Аргентина има златен медал од Олимпијадата во Атина во 2004 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2018 00:43