НБА лигашот Сан Антонио одлучи да го истера до крај договорот со ветеранот Ману Џинобили, кој претходно го објави своето пензионирање. Така, Аргентинецот кој има плата од 2,5 милиони ќе остане во платниот список на клубот.

41-годишниот Џинобили ќе добива пари во следните три години.

Тој помина 16 сезони во НБА (сите во Спарс). Во последната сезона одигра 65 натпревари од регуларната сезона со просек од 8,9 поени за играта, 2,5 асистенции, 2,2 скока по натпревар.

Вкупно во НБА, Џинобили имал 1.057 натпревари со просек од 13,3 поени, 3,5 скока и 3,8 асистенции.

Четири пати со својот клуб стигна до шампионскиот прстен во НБА.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2018 15:53