Пилотот на Ред Бул, Даниел Рикардо ќе изгуби голем број позиции во трката за Големата награда на Италија претстојниот викенд.
Шефот на Ф1 тимот Кристијан Хорнер потврди дека Австралиецот ќе тргне од крајот на групата, бидејќи неговиот мотор ќе биде целосно заменет со моторот што ја надминува квотата.
Во болидот на Рикардо ќе биде инсталиран нов мотор на Рено, кој е помоќен, но може да има проблеми со сигурноста, како што предупреди производителот. Затоа, на трката од шампионатот во Формула 1 возена во Белгија не беше инсталиран новиот мотор.
Но, Ред Бул сака да го проба во Италија, така што пред следната трка во Сингапур да не ризикува казна, бидејќи проценките се дека таму австрискиот тим има повеќе шанси за успешен настап.