Министерот за култура Асаф Адеми денеска се сретна со добитникот на признанието „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2018 година, полскиот поет Адам Загајевски.

На средбата, соопшти Министерството за култура, Адеми му честитал на Загајевски за неговиот придонес во поетската сфера во рамки на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“.

- Сите ние треба да се залагаме заеднички да ја зачуваме и штитиме вредноста на овој фестивал, рекол Адеми.

По средбата, Адеми и Загајевски размениле подароци.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2018 17:40