Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со победа над Гостивар од 75:69 го почнаа циклусот контролни натпревари пред стартот на новата сезона.
Клучно за победата на МЗТ беше одличната игра во првата четвртина, во која дојде до двоцифрена предносот.
Американецот Џејмс Вудард со 17 поени беше најефикасен во составот на МЗТ, додека Андрија Бојиќ и Андреј Магдевски реализираа по 11 поени.
МЗТ следните два пријателски натпревари ќе ги одигра в петок и в сабота и тоа на домашен терен против бугарскиот шампион Левски Лукоил.