Најдобриот тенисер на светот Рафаел Надал смета дека Давид Ферер заслужи подостоинствен проштален натпревар од Гренд слем турнирите, од оној кој двајцата го одиграа во првото коло на Ју-Ес опен.

Поради повреда на раката 36-годишниот Ферер му го предаде натпреварот на Надал при резултат 3:6 и 4:3 и ја заврши кариерата на Гренд слем турнирите.

- Очекував тежок натпревар со Ферер, бидејќи тој сака да игра. Ова беше негов последен натпревар на Гренд слем турнир, па очекував да излезе на терен и да ужива. Тој го направи тоа, но навистина ми е жал поради она што подоцна му се случи. Но, тоа е животот. Заслужи повеќе и сигурен сум дека ќе го освои последниот турнир на кој ќе настапи, истакна Надал.

Ферер во текот на кариерата освои 27 АТП титули, а најдобар пласман имаше во јули 2013 година кога беше на третата позиција во светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2018 18:03