Во Македонска Каменица синоќа заврши „Каменичко културно лето“, манифестација која по 10 пат се одржа како дел од одбележувањето на Денот на градот.
Последната вечер ја затворија балканските музички звезди Ален Исламовиќ и Јелена Розга, кои направија неповторлива атмосфера на градскиот плоштад во Македонска Каменица. - Десеттото издание на „Каменичко културно лето“ слободно може да го карактеризираме како спектакуларно, бидејки на концертите во изминатите три дена Македонска Каменица ја посетија луѓе од сите краишта на Источна Македонија, но и од соседна Република Бугарија. Само на последната вечер имавме околу 5.000 гости, што е потврда за успешно организираниот настан, рече Соња Стаменкова, градоначалникот на Македонска Каменица. Според Стаменкова фестивалот бил значаен и за локалните угостители кои имаа можност да заработат и да влијаат на покревање на локалната економија. За присутните гости ова беше настан за паметење.