Министерот за култура Асаф Адеми денеска оствари средба со претставници на културно уметничкото друштво „Каршиака“ кои се организатори на 12-тиот Меѓународен фолклорен фестивал „Скупи 2018“.
Министерството за култура соопшти дека станува збор за фестивал од ревијален карактер што е дел од Годишната програма на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес и на кој учествуваат фоклорни друштва од девет земји од регионот и светот: Мексико, Аргентина, Северен Кипар, Украина, Бугарија, Турција, Албанија, Косово и од Македонија.
Во рамките на фестивалот учесниците, кои, како што стои во соопштението, се вистински репрезенти на фолклорот и традицијата на земјите од каде доаѓаат, ќе одржат повеќе концерти.
Денеска концерт ќе одржат во општина Сарај, додека утре на плоштадот „Скендербег“ во Скопје.