Во домот на културата „Антон Панов“ во Струмица вечерва ќе се одигра мјузиклот “Коштана” од Борисав Станковиќ, во музичка адаптација на Влатко Плевнеш.

Коштана е музичката ѕвезда Силвана Мучиќ Плевнеш, а Митке актерот Илија Струмениковски. Играат уште и бројни актери и музичари.

Струмичани ќе имаат можност да уживаат во неповторливата и оригинална изведба на Силви на „Шано душо”, „Отвори ми бело Ленче”, „Крај Вардара седеше”…

Мјузиклот се игра десеттина години, а оваа сезона ја почна летово, со претстава во Долни Сарај, Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2018 11:03