Еден хотел во Токио на гостите им нуди несекојдневен пречек - роботи диносауруси на рецепција. Но, хотелот има и аквариум во кој исто така се наоѓаат роботи во облик на разнобојни светлечки риби.

Необичниот хотел „Казухиро Ноги“ се наоѓа во предградие на Токио.

Комуникацијата со роботите диносауруси е ограничена поради што гостите резервираат соби и вршат порачки преку таблет.

- Не сакавме хотел во кој само ќе се спие, туку сакавме да воведеме нешто нови, изјави директорот на хотелот Јукио Нагао.

Една ноќ во необичниот хотел чини 130 евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2018 12:27