Македонскиот кошаркарски вицешампион МЗТ Скопје Аеродром загуби во денешниот втор контролен меч против бугарски Левски Лукоил (80:91), во кој тренерот Ѓорѓи Кочов им даде голема минутажа на помладите во составот.

Тоа истовремено значеше поголем од вообичаено одмор за носители на играта, пред се на репрезентативците Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Дарко Соколов и Љубомир Младеновски, кои на паркетот минаа помеѓу девет и 14 минути додека нешто помалку од осум минути на паркетот мина и хрватскиот интернационалец Иве Иванов.

Американецот Џејмс Вудард беше најефикасен во домашниот состав со 14 поени, Андреј Маслинко реализира 12 поени со девет скока, додека Андрија Бојиќ реализира 10 поени



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2018 03:31