Шефот на тимот на Мерцедес, Тото Волф верува дека неговиот тим може да победи на денешната трката за Големата награда на Италија.

Пилотите на Мерцедес загуби во квалификацијата од двајцата возачи на Ферари.

- Апсолутно сум сигурен дека можеме да победиме. Третото и четвртото место се далеку од најлошите позиции на стартот на трката. Важно е да се започне успешно и самоуверено да се помине првата шикана, а потоа непречено да се вози трката. Квалификациите беа многу интензивни, еден вид тактичка игра. Ние во некоја фаза бевме побрзи, рече Волф.

Трката на патеката „Монца“ почнува во 15 часот и 10 минути. Од првиот стартен ред тргнуваат возачите на Ферари, а по нив на Мерцедес.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2018 13:12