Пилотот на Ферари, Кими Раиконен се уште не знае дали ќе остане во Формула 1 и следната сезона. Денес тој го освои второто место на Големата награда на Италија, завршувајќи ја трката веднаш зад Луис Хамилтон.
- Секогаш постојат можни опции. Сето тоа зависи од она што сакам да го направам. Постојат многу опции. Ќе видиме што ќе се случи, изјави Финецот.
Раиконен своето деби во Формула-1 го имаше во 2002 година. Има една шампионска титула со Ферари 2007 година.
На победничкиот подиум денеска се искачи по јубилеен 100-ти пат.