Најдобриот светски тенисер Рафаел Надал смета дека е потребно да биде многу поагресивен во играта за разлика од досегашните мечеви на Грен слемот во Њујорк.

- Добро е што стигнав до четвртфиналето на УС Опен. Годинава до оваа фаза стигнав и на другите три Грен слема. Не ми успеало тоа уште од 2011 година. Сега е момент да направам чекор напред. За да се случи тоа морам да играм поагресивно, да го подигнам нивото, изјави Надал.

Во четвртфиналето Шпанецот ќе се сретне со Доминик Тим од Австрија.

- Тој е многу добар играч. Заслужи да игра во четвртфиналето. Ќе треба да одиграм најдобро што можам за да останам на турнирот, додаде Надал.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2018 15:00