Во Велес денеска се одбележаа 77 години од смртта на поетот Коле Неделковски. По тој повод ССОУ “Коле Неделковски“ го одбележа својот патрон, а беше враќена и наградата за животно дело „Коле Неделковски“ на поетесата Македонска Јанчевска која ја доделува Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес.

Македонка Јанчевска примајќи ја наградата истакна дека и е драго што ја прима наградата со името на Коле Неделковски.Таа посочи дека цел живот творештвото им го посветува на децата кои се нашата иднина, а нејзина водилка

Таа во својот опус има 13 книги со поезија за деца, а со свои песни е застапена во многу учебници по македонски јазик за основците. Јанчевска е член на Друштвото на писателите на Македонија, и е основач и долги години и претседател на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“.

Нада Алексоска од Клубот на писатели врачувајчи и ја наградата истакна дека Македонка Јанчевска е заслужна за основање и подемот на клубот кој е многу значаен во културното живеење на Велес и пошироко. За Јанчевска истакна дека ја задолжила велешката и македонската култура со својот богат и плоден творечки опус

Одбележувањето на смртта на поетот Коле Неделковски по традиција се одржа и во родната куќа на Коле Неделковски во велешкото село Војница, каде се обрати проф др Васил Тоциновски.

Тој потсети дека Коле Неделковски е една од значајните личности поети во создавањето на современата македонска литература заедно со Коста Солев Рацин, Венко Марковски, Ацо Караманов, и Мите Богоевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2018 16:17