Кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром, Марко Симоновски, поради повреда нема да настапи за македонската репрезентација на двата натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Тој се повредил на вториот контролен меч меѓу МЗТ и Левски Лукоил одигран во саботата попладне во СЦ „Јане Сандански".

Иако не се наведуваат детали, станува збор за полесна повреда.

Македонија е во група со Косово со кого играме натпревар на гости на 13 септември и со Романија со која ќе се соочиме во Скопје на 16 септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2018 18:16