Министерството за култура најави подготовка на нов Закон со кој поинаку ќе се регулираат проектите.
Агенцијата за филм е независна институција од Министерството за култура и тие заедно со Министерството најавуваат декa филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи ќе биде последниот филм со ваква содржина и дека со новиот закон за култура ова ќе биде регулирано поинаку и отсега натаму нема да има никаква можност некој со јавни пари да реализира проекти кои се косат со јавниот интерес на граѓаните.
-Се подготвува ново законско решение кое ќе ги спречи ваквите злоупотреби и ќе се бара отчет и ќе има контрола врз финансиското, и што е најважно врз темите, идеите и пораките што ги праќаат овие творби/филмови.
Затоа ние сме сигурни дека во иднина вакви примери на уривање на општествената кохезија во земјата, нема да се повторат, велат од Министерството за култура.