Претставата „Светица на темнината“ во продукција на „Б Глад“ од Загреб ќе биде изведена вечер во 19 часот на сцената на Драмскиот театар во Скопје, во рамки на манифестацијата „Денови на Мајка Тереза“.

Претставата е работена по текст на Венко Андоновски, а главната улога ја има хрватската актерка со македонско потекло Костадинка Велковска.

Претставата е во режија Ивана Пренош. Костимографијата е на Дорис Крстиќ, музиката на Аноушка Шанкар и Игор Д. Савин. Улогите ги толкуваат и: Миа Крајчар, Велимир Чокљат, Илир Тафа, Шишко Хорват, Мајцан Шанкар, Љиљана Чокљат и Дубравко Сидор.

Билетите за оваа претставата се бесплатни и може да се подигнат на билетарницата на Драмски театар.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2018 14:42