„Се крчка“ ново продолжение од легендарниот серијал комедии од 1980-те и 90-те, „Полициска академија“, и тоа би бил вкупно осми филм. Тоа на друштвените мрежи го навести глумецот Стив Гутенберг - главната ѕвезда во првите неколку делови од франшизата.
- Следната „Полициска академија“ доаѓа. 3асега нема многу детали, но се подготвува, напиша глумецот на Твитер.
Првиот филм излезе во 1984 година, а наредните 10 години ќе се снимат уште шест. Она што серијалот го претвори во класика е лесниот хумор, прифатлив за многу генерации потоа.