Тимот на Работнички се засили со членот на шампионот Шкендија, Благоја Тодоровски.

Тој како позајмен играч од тетовскиот клуб ќе настапува во дресот на Работнички во првиот дел од сезоната.

Тодоровски беше дел од Работнички од 2011 до 2015 година, а потоа замина кај „црвено-црните“ од тетово.

Со согласност на двата клуба, фудбалерот повторно ќе заигра за Работнички, соопштено е на клупскиот сајт на „романтичарите“.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2018 14:52